ЗА НАС

Добредојдовте
во КОБРА

На 30.12.1999 година е регистрирано ДПТУ КОБРА МОНИТОРИНГ ДООЕЛ Куманово со седиште на ул. "Октомвриска Револуција 26/3"  во Куманово. Фирмата се распоредува во претежна дејност Активности за истрага и обезбедување со шифра на дејност 74.60, со која започнува со работа на 12.02.2003 година.

Во врска со Законот за обезбедување на лица и имот ("Службен весник на РМ", број 80/99) Министерство за Внартрешни Работи на Република Македонија издава дозвола за работа бр. 17-18131/1 од 28.07.2003 година на правното лице КОБРА  Куманово за вршење на дејноста за обезбедување на лица и имот во вид на давање на услуги.

Агенцијата за обезбедување "Кобра" со своите професионални услуги на обезбедување ги изврушува исклучително во рамките на Законот за обезбедување и останатите позитивни законски прописи како и сопствените Интерни акти и Правила за работа. Досегашно користење на услугите на Агенцијата од страна на нејзините коминтенти е окарактеризирано како нивна привилегија, бидејки се добива вистинска професионалност. Особено внимание се посветува на изборот на вработените лица т.е нивната висока професионалност (строго дефинираните психофизички и морални норми) што за избраните истовремено претставува гордост што се припадници на Агенцијата "Кобра", а кој воедно се сите со Лиценци и службени легитимации за обезбедување на лица и имот и се опремени со патнички моторни возила и радио станици кои гарантираат постојан контакт со лица на терен. Агенцијата постојано работи врз себе и сопствено изградување како модерна и успешна компанија. Фундамент  на нашата работа е понуда на безбедносни граници во смисла на исполнување на предвидениот договор независно од политичка и верска определба на коминтентот, негова професија и други елементи од неговиот приватен живот. Главни карактеристики на работењето на Агенцијата "Кобра" се превентивно обезбедување, бесконфликтно решавање на проблемите, а раководството на Агенција "Кобра" секојдневно ги следи најновите светски достигнувања од областа на техниката. Агенцијата за обезбедување "Кобра" не е политички определена и соработува со сите корисници на кои им е потребно квалитетно и професионално обезбедување.
Агенцијата "Кобра" е во постојана комуникација со сите свои клиенти и корисници на услугата. Одговорност и желба да ги задоволиме сите потреби на нашите клиенти и да знаеме дека и тие се задоволни од нашата услуга, влијае на тој начин што нашата соработка од самиот почеток го надминува класичниот однос на контакт-агенција. Реченица "Ние сме секогаш тука за Вас јавете се", во нашиот случај не е само вообичаена фраза туку изјава која нè обврзува да бидеме секогаш тука со Вас. Услугите што ги нудиме се дизајнирани од Вашите потреби и високите критеријуми и стандарди во обезбедувањето. Агенцијата за обезбедување на лица и имот "Кобра" е Ваш сигурен и лојален партнер во обезбедувањето со следните услуги:
  • Ваша лична заштита-боди-гард;
  • Физичко (стражарско или оперативно-информациско) обезбедување;
  • Патролно обезбедување на објекти;
  • 24 часовно техничко (мониторинг) обезбедување преку сопствен мониторинг центар комбинирано со патролно обезбедување и интервенција во случај на алармна состојба;
  • Обезбедување на парични или други ВАЛ пратки;
  • Обезбедување на концерти, манифестации, прослави, приватни забави и сл;
  • Продажба и монтажа на електронски системи за видео надзор, против пожарни системи, провални системи од типот BOSCH, SATEL, PARADOX, DSC.
logo2x.png

Информатор

КОНТАКТ

+389 31 413 409
+389 31 520 258
+389 31 413 409
servis@kobrasecurity.com.mk 
info@kobrasecurity.com.mk
Октомвриска Револуција 26/3
1300, Куманово Македонија

Следете не

Copyright © Elkom Group 2019. | web design | hosting solutions | www.elco.eu.mk

Search